(Видео) Дoлy Maкpoн: Граѓанин му влeпи шамap на францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон доби шамар по лицето во вторникот од маж додека беше на прошетка во јужна Франција.

Безбедносната придружба на Макрон брзо интервенираше и го легна човекот на земја , а потоа го оддалечи Макрон од него. Во врска со инцидентот се уапсени две лица, јавија радиодифузерите БФМ ТВ и радиото РМЦ.

Инцидентот се случил додека Макрон бил во посета на регионот Дром во југо-источна Франција, каде се сретнал со сопственици ресторани и студенти за да разговараат за тоа како животот се враќа во нормала по епидемијата КОВИД-19.

На видеото кое кружеше на социјалните мрежи, можеше да се види Макрон, кошула како оди кон толпа добронамерници кои беа зад металната бариера.

Францускиот претседател подаде рака за да поздрави еден човек, во зелена маица, со очила и маска за лице.

Човекот можеше да се слушне како вика „Долу Макрон“ („A Bas La Macronie“), а потоа му залепи шамар на Макрон.

Претседателската администрација соопшти дека имало обид за удар на Макрон, но одби да даде дополнителен коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons