Вакцините докажано функционираат: Британија регистрираше само 1 смртен случај

Во изминатите 24 часа, Велика Британија забележа само еден смртен случај од последиците на коронавирусот, што не се случило во последните девет месеци. Евидентирани се 1.649 нови случаи, што е најмал број на новоинфицирани за еден ден од септември минатата година.

Ова е доказ дека вакцините против коронавирус се ефикасни. Велика Британија е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за вакцинациите и досега повеќе од 34,6 милиони луѓе ја примиле првата доза, додека повеќе од 15,4 милиони ја примиле втората доза.

Здравствените власти велат дека ваквата статистика не е забележана од август минатата година. Последен пат имаа една жртва на 3 август 2020 година. Додека на 30 јули 2020 година беше единствениот ден од почетокот на пандемијата во кој Велика Британија не пријави жртви од ковид-19.

Тие исто така наведуваат дека се забележува опаѓање на новите случаи, нагласувајќи дека минатиот понеделник се регистрирани 2.064 нови случаи на инфекција. Денешниот ден се одбележува како ден со најмал број на новоинфицирани од септември, кога вториот бран на вирусот започна да ја зафаќа Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons