Бугарско обвинителство: На местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, спасени се 8, но едниот го нема

Човечката грешка е водечката и главна верзија на трагедијата на автопатот „Струма“. Ова на брифинг го изјави бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

– Верзијата за терористички чин е правилно истражена од наша страна. Ние категорично ја отфрламе, рече заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов за време на брифингот.

Тој даде детали од истрагата за тешката сообраќајка на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица.

Според него, повеќето од загинатите во автобусот починале од задушување. На нивните тела била извршена обдукција.

„Во медиумите многу се шпекулира за инцидентот на автопатот „Струма“. Во случајот нема очевидци, а во медиумите веќе има над 20“, објасни Сарафов.

– Сослушани се двајца од патниците во автобусот. Беа будни и дадоа крајно објективни информации. Нивните сведоштва целосно се поклопија и сметаме дека се целосно веродостојни и правилно изнесени. Уште двајца патници кои се во Пирогов се на распит и ќе дадат исказ денеска, додаде заменик-главниот обвинител.

Категорично е отфрлена верзијата за превезено гориво во опожарениот автобус. Според Сарафов, на местото на настанот биле пронајдени 44 тела.

Сијка Милева рече и дека при распитот еден од преживеаните рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја проверуваат верзијата за да видат дали има уште еден преживеан и каде е тој. Можно е тој да ја напуштил границата со друго возило, друг автобус, тоа треба да се провери, велат обвинителите кои ги проверуваат сите хипотези за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons