Бугарски „Блиц“: Најмалку 13 милиони евра Бугарија ќе исплати на роднините на загинатите

До 250.000 лева (125.000 евра) отштета ќе треба да исплати Бугарија за починатите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, доколку се докаже дека условите на патот се причина за смртта на 45-те луѓе. По тагата, доаѓа потрагата по правда за роднините на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, пишувабугарски „Блиц“.

„Вината за инцидентот е комплексна, како кај возачот на автобусот, така и кај инфраструктурата на подрачјето на несреќата“, изјави адвокатот Николај Димитров. Според него, на прво читање, возачот не ги почитувал условите на патот на кој имало и намалена видливост.Но, од друга страна, може да се докаже дека за несреќата виновни се условите на патот, односно инфраструктурата и неговото одржување.

Ако се направи паралела, трагедијата во Своге, каде што загинаа 20 луѓе, покажа дека имало проблеми и во патот, односно проблематичен беше неговиот дизајн. Роднините на жртвите можат да поднесат барање за надомест на нематеријална штета.

„Случајот е комплициран бидејќи бројот на загинати е огромен, а границите на осигурувањето од граѓанска одговорност на автобусот во Северна Македонија се ограничени и нема да можат да ги покријат сите побарувања на побарувачите“, рече адвокатот Димитров.

Пресметките покажуваат дека парите од осигурувањето нема да бидат доволни ниту за една десетина за покривање на штетите. Така, доколку се докаже вина на матичната Агенција за патна инфраструктура (РИА), најверојатно сите наследници ќе побаруваат отштета жалејќи се на патните услови, бидејќи Бугарија е местото каде што се случи несреќата. Експерти од бугарските осигурителни компании коментираат дека се очекува сумата да достигне најмалку 25 милиони лева (12,5 милиони евра).

Помеѓу 100.000 и 125.000 евра може да побара секој од родителите доколку нивно на дете загинало во несреќата.Возрасните деца без родители можат да добијат до 100.000 евра за изгубен родител, а за починат брат, сестра, баба или дедо сумата е околу 25.000 евра.

Службата за патишта често е осудувана за неодржување на делниците и за лоша изградба на патиштата, покажува судската пракса. Граѓанските предмети може да траат околу година и пол, а кривичните предмети траат подолго.

Според првичните информации, неколку големи бугарски адвокатски канцеларии веќе и понудиле помош на македонската влада за заштита на интересите на роднините пред бугарскиот суд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons