Борисов во голем пад. Каракачанов во агонија. Анкетите им го качија шеќерот. Со вето на Македонија им се случува Караманлис сценарио

Доколку изборите во Бухарија би се одржале денес, 20,3 отсто би гласале за ГЕРБ на Бојко Борисов, 18,2 отсто за Има таков народ на Слави Трифонов и 14,4 отсто за БСП или бугарските социјалисти. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на изборното расположение на граѓаните пред почетокот на изборната кампања, спроведено од Алфа Рисрч.

Истражувањето е објавено на веб-страницата на агенцијата и се спроведува со сопствени средства. Во анкетата се опфатени 1007 возрасни граѓани од целата земја. Информациите беа собрани преку директно стандардизирано интервју со таблети во домовите на испитаниците, што ќе рече станува збор за теренска анкета. 

Демократска Бугарија, зад која стои поранешниот бугарски премиер, Иван Костов (а оваа групација ги организираше големите протести по бугарските градови) ги зајакнува и подобрува своите позиции, достигнувајќи 11,9 отсто од оние што одлучија да гласаат. ДПС или партијата на Турците останува петта политичка сила со поддршка од 9,9 отсто. И само уште партијата на Маја Манолева го поминува цензусот од четири отсто и има поддршка на анкетата од 5,3 отсто. 

Иако направи широка предизборна коалиција со уште две други партии, партијата ВМРО на Красимир Каракачанов продолжува да паѓа. Тие сега тежат едвај 3,4 отсто што е за 0,1 отсто помалку од резултатот на изборите пред два месеци кога настапија сами како партија без коалициони партнери.

Во моментов, 53,2 отсто од испитаниците изразуваат цврсто убедување дека ќе гласаат на предвремените избори. Ова претставува зголемување од околу еден и пол проценти во споредба со предизборната анкета за редовните избори на 4 април. Помеѓу 13 и 15 проценти од оние кои сакаат да гласаат сè уште не донеле конечна одлука за тоа на кој ќе му јаа дадат довербата.

Партијата на Слави Трифонов е во налет, партијата на Бојко Борисов паѓа, партијата на Каракачанов е на пат да биде целосно маргинализирана. На Бугарите им се случува Караманлис сценариото, кога по ветото за Македонија во Букурешт во 2008 година, владата на Караманлис беше брутално соборена од власт, а тогашниот министер за одбрана ги обвини САД дека на тој начин му се реванширале на Караманлис и Нова демократија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons