БЛОК ТРИ ОД РЕК БИТОЛА УШТЕ НЕ Е ВО ФУНКЦИЈА – дали и кога ќе проработи?

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја информира јавноста дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2. 

„Како што е добро познато, трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар кој се случи вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет“, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Оттаму додаваат дека намерите на некои лица, кои, како што велат, не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, да ги коментираат состојбите во комбинатот, според нив, се несериозни и злонамерни. 

„Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат“, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons