Беќаровски: Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен

Последиците што ги остава Kовид-19 се катастрофални, вели професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Тој се надева ова лето пандемијата ќе стивне. 

„Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се карастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен“, изјави тој.

Сега на површина излегуваат пациентите кои тешко ја поднеле пандемијата и  имаат потреба од лекар, а тука е и постковид синдромот.

За 24 часа во Македонија има 18 заразени со коронавирусот и 1 починат, додека во 6 градови нема заразени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons