БЕГ има гас до утре, бара Владата да го преземе управувањето до крајот на грејната сезона

Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа .

Во четвртиот квартал во 2021 година и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза.

Сепак енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за Енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци.

Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец Јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сеуште не е најдено решение за овој горлив проблем.

Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограниени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец Јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден.

Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина.

За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

Производство на топлина

Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons