Баерн нема да разгледува понуди за Коман

– Баерн (Минхен) нема желба да се раздели со Кингсли Коман, кого наводно го бараше Манчестер Јунајтед во текот на летото.

– Немаше ништо специфично во врска со овие гласини, но дури и да имаше понуда, ние воопшто не би ја разгледале, изјави за „Билд“ спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.

Неговиот погодок во финалето од Лигата на шампионите треба да биде доволен да објасни зошто се потпираме на него безусловно, додаде тој.

Дваесет и четири годишниот фудбалер веќе има 21 трофеј на клупско ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons