Аџиите симболично ја каменуваа сатаната

Муслиманските аџии во Саудиска Арабија денеска учествуваат во симболичниот ритуал на каменување на сатаната, почитувајќи ја физичката дистанца.

Верниците облечени во бело и со маски за лице  фрлаа камења  врз огромен ѕид, кој ја симболизира сатаната.

Аџиите и во следните два дена ќе го каменуваат ѕидот пред да одат во Мека да се молат во Голема џамија.

Мека минатите години за време на муслимаснкиот празник Курбан бајрам беше посетата од околу три милиони верници, но годинава поради пандемијата со Ковид-19 се собраа само неколку илјади аџии – Саудијци и странци кои живеат во Саудиска Арабија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons