Атрактивна пејачка вежба во парк, несвесна дека сите ја гледаат (ФОТО)

Пејачката и вокалист на групата Pussycat Dolls, прекрасната Никол Шерцингер (42) бил фатена од папараците за време на утринските вежби во еден парк во Лос Анџелес.

Судејќи според фотографиите, пејачката родена во Хаваи ја покажа извонредната флексибилност што ја должи на редовното вежбање.

Убавата Никол ги пленеше погледите благодарение на нејзината истренирана фигура, која дојде до израз со спортска облека, хеланки и тесна маица.

Дека и цвета љубовта во врската со рагби sвездата Том Еванс (35), со кого се запознала на снимањето на серијата Х Фактор,докажува фактот дека парот го поминува секој можен момент заедно, па не се разделуваат ниту за време на вежбање.

Врската е потврдена на почетокот на оваа година, а Никол ова лето ги запозна родителите на Том во Португалија. Претходно оваа есен, се шпекулираше дека пејачката е бремена, но таа брзо ги демантираше гласините.

Да потсетиме, пејачката, пред да ја најде љубовта со седум години помладиот рагбист, имаше долга врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Покрај тоа, таа беше во врска и со тенисерот Григор Димитров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons