Апостол Симовски призна дека меѓу попишувачите има заразени

По обвинувањата од страна екс пратеникот Илија Димовски дека има веќе заразено попишувачи, Апостол Симовски директорот на ДЗС вечерва во Канал 5 телевизија призна дека четворица се заразени.

– Има четворица не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, вели Симовски.

Имено на почетокот во емисијата на прашањето дали има правна основа за кривично казнување, Симовски истакна дека не знае дали имало правна основа тоа ќе го толкуваат правниците, тој не бил правник, ниту сакал да толкува закони во тој дел, но истакна дека повикувањето на бојкот е непатриотски чин.

lider.mk


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons