Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“: 9 години во затвор за Боки-13, 7 години за Јанева

Апелацискиот Суд во Скопје, во целост ја потврди пресудата за случајот „Рекет“ во кој Бојан Јовановски – Боки 13 доби девет години затвор, додека екс специјалната јавна обвинителка беше осудена на седум години затвор.

Како што соопштија од Апелација, ги разгледале жалбите на двајцата обвинети, како и на Обвинителството за гонесе организиран криминал и корупција, кое бараше повисоки казни, со што одлучиле да ги отфрлат, и да ги потврдат првостепените пресуди.

Со одлуката на Апелација, пресудата станува и правосилна, по што од Кривичниот суд во Скопје на обвинетите треба да им испратат и упатен акт за во затворот каде ќе треба да ја одлежат казната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons