Апасиев: Загрижен сум за животот на моето семејсво, нема ден а да не добијам закани

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, тврди дека добива закани кон него и кон неговото семејство, откако ги напишал статусите на својот фејсбук-профил. За нив во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство.

Тој денеска пред ОЈО истакна дека ќе продолжи и понатаму тоа да го прави и нема да престане со објавите на социјалните мрежи.

За медиумите, тој истакна дека не очекува обвинение за случајот, но најави кривични пријави за тие кои го пријавиле за наводното ширење омраза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons