Азар се повреди по осми пат за 16 месеци во Реал Мадрид, имаше 12 повреди за седум години во Челзи

Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар се повреди синоќа во 11. коло од Ла Лига против Алавес (1:2).

Оваа повреда беше осма за Белгиецот во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.

Така, за целото време во Реал Мадрид, Азар нема ниту една третина (31,8%) од можните минути на теренот.

За споредба, за седум години во Челзи, фудбалерот доби 12 повреди.

Оваа сезона Азар одигра три натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons