Австралија му ја укина визата на Ѓоковиќ, српскиот тенисер ќе биде депортиран

Министерот за имиграции, Алекс Хоук го искористи дискреционото право да му ја укине визата за Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер веројатно нема да игра на Австралија опен. 

Новак Ѓоковиќ ја доби битката пред судот, но сепак ќе биде депортиран од Австралија. Српскиот тенисер се чини дека нема да настапи на Австралија опен откако министерот за имиграции Алекс Хоук одлучи да му ја укине визата. Хоук преку соопштение ја образложи својата одлука, вели дека тоа го направил поради јавен интерес.

 „Денеска го искористив моето овластување според член 133Ц(3) од Законот за миграција да ја укинам визата што ја имаше г-дин Новак Ѓоковиќ порди здравствени и други причини, пред сè дека тоа е од јавен интерес“. „Оваа одлука следи по наредбите на Федералниот окружен и семеен суд на 10 јануари 2022 година, кој ја поништи одлуката за претходно укинување на визата поради процедурална причина“. 

„При донесувањето на оваа одлука внимателно ги разгледав информациите кои ми беа доставени од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили и г-дин Ѓоковиќ“.„Владата на Морисон е цврсто посветена на заштита на границите на Австралија, особено во однос на пандемијата ковид-19“, се вели во соопштението на Хоук. Се очекува адвокатите на Ѓоковиќ веднаш да поднесат жалба, тоа се гледа како спас за одложување на одлуката и можност Србинот сепак да игра на Австралија опен. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons