Протести на „Широк Сокак“ во Битола при посетата на Петков
Протести има и на Широк Сокак и во Кравари.
Бугарската делегацијата ја сочинуваат уште и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.
Протестите уште вчера ги најавија Левица и Сојузот на борците од Битола.
Незадоволството на македонските граѓани е причинето од политиките на Бугарија кон македонското прашање во актуелните преговори, но и против односот на тамошните власти кон македонското малцинство.